ПРОГРАМА - Готвач

Програмата Готвач во угостителски објекти им овозможува на учесниците, преку теоретска и практична настава, да се стекнат со знаења, вештини и компетенции од областа на готварството.

Стекнатите знаења и вештини ќе им овозможат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.

Времетраењето на програмата е 3,5 месеци, односно 220 часови, од кои 75 часови теоретска настава и 145 часови практична настава, распоредени во 6 тематски модули.

Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во просториите на установата за образование на возрасните и/или во современо опремени угостителски обекти.

Оценувањето ќе се спроведува континуирано, по секоја тема во тек на обуката, и на крај во облик на завршен испит.

Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Готвач во угостителски објекти по верифицирана програма.

УСЛОВИ

Неопходно е учесниците да имаат завршено минимум основно или средно образование и да се постари од 17 години.

Група за стручно-теоретска настава: 10 – 15 учесници.

При реализација на практичната обука учесниците се распределуваат во групи од 5 – 10 учесници.

Цената на програмата готвач: 1.800 ЕУР

Часовите ќе се распределат во блокови, 3 пати неделно по 4 часови, со вклучена пауза.

Терминот на одржување на часовите ќе се дефинира во договор со целата група.

Некои од часовите (теоретска настава) би можело да се одржат и онлајн.

МОДУЛИ

Модул 1

Основи на теоријата на готварството

– теоретска настава 40 часа

– практична настава 10 часа

 

Модул 2

Техника и технологија на подготовка на јадењата во кујна

– теоретска настава 10 часа

– практична настава 50 часа

 

Модул 3

Подготовка на слаткарски производи во кујна

– теоретска настава 10 часа

– практична настава 50 часа

 

Модул 4

Подоготвка на пекарски производи во кујна

– теоретска настава 5 часа

– практична настава 25 часа

 

Модул 5

Декорација во готварството

– теоретска настава 5 часа

– практична настава 5 часа

 

Модул 6

Здравје, безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина

– теоретска настава 5 часа

– практична настава 5 часа

За било какви дополнителни прашања можете да ни пишете на инстаграм
или на маил filip@fj-culinaryconsultants.com