Гастротон – обука и натпревар за унапредување
на кулинарските вештини за млади лица

Македонска традиционална кујна на модерен начин

Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности и „ФЈ Кулинарско училиште“ организираат гастротон – обука и натпревар за унапредување на кулинарските вештини за млади лица, насловена „Македонска традиционална кујна на модерен начин“.

Гастротонот  ќе се одржи од 17 до 19 април 2024 година во просториите на училиштето на улица: Јадранска магистрала бр.58, Визбегово, Скопје, во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

Што вклучува програмата?

  • Кулинарска теорија и практична работа: основи на македонска традиционална кујна.
  • Менаџмент во угостителство: организација на работа во кујна, бригаден систем, спроведување набавки, норматив, алергени, практики за безбедност на храна и заштита и безбедност при работа.
  • Техники на сервирање и презентирање: декорација на чинија, комуникациски и презентациски вештини за претставување на јадења.
  • Финална презентација на зготвени јадења пред жири комисија.
  • Вмрежување со претставници од угостителскиот сектор како поддршка во развојот на кариера и претприемништво: кариерно насочување, спојување со потенцијални работодавачи, етика во кулинарство, комуникациско-организациски вештини и размена на искуства.

Обуката/натпреварот предвидува теоретски и практичен дел под менторство на шеф Филип Чаловски и Златко Танески, а е дизајнирана со цел да се унапредат кулинарските вештини на учесниците, со што полесно ќе се стекнат со можност за пракса, вработување или напредување во кариерата во кулинарскиот сектор

Целосната агенда ќе биде навремено доставена до избраните учесници. За избраните учесници ќе биде обезбеден групен превоз до и од просториите на „ФЈ Кулинарско училиште“.

Кој може да учествува?

На обуката може да учествуваат сите млади лица од 18 до 34 години кои имаат основни познавања од кулинарството и имаат желба да се натпреваруваат. Потенцијалните учесници се пријавуваат индивидуално, а потоа ќе бидат групирани во тимови  кои ќе се натпреваруваат.

По завршувањето на обуката сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена обука од организаторите. За победниците следат награди во форма на ваучери за мастер обуки за унапредување на кулинарски вештини.

Како да аплицирам?

Пријавувањето за обуката е во тек, а местата се ограничени. Аплицирајте веднаш и обезбедете место – пополнете ја пријавата за учество на обука.Крајниот рок за пријавување е 10 април (среда) 2024 година до 16:00 часот. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Обуката се организира со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемништво и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„ФЈ Кулинарско училиште“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).