Во 2023 година, во партнерство со „ФОРТИС“ (https://fortis.mk/) , тимот на „ФЈ Кулинари Консултантс“ започнува нов, ексклузивен проект, кој природно се наметна во нивното повеќегодишно работење во областа на консалтингот – „ФЈ Кулинарско училиште“.
Мисијата на „ФЈ Кулинарско училиште“ :
– да овозможи науката и луѓето инволвирани во угостителството да бидат во блиска комуникација.
– да создава среќа.
– да создава и да доусовршува кадри кои ќе дадат значаен придонес во унапредување на гастрономската понуда и гастрономското искуство во Македонија и пошироко.
– да организира специјализирани мастер класови во областа на гастрономијата, сомелиерството, миксологијата, ресторанскиот менаџмент и многу повеќе, наменети за професионалци, готвачи-аматери и широка публика.
– да организира тим-билдинг и промотивни настани.
– да ја развива пасијата кај младите ентузијасти и на вистински начин да им ги открие тајните на занаетот.
Визијата на „ФЈ Кулинарско училиште“ :
– да се етаблира и прерасне во една од водечките образовни институции од својата област во регионот.
– да претставува своевидна експериментална кујна за развој и осовременување на локалната кујна и простор за креативно изразување во гастрономијата.